Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина новинарката Ирена Радовановиќ

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Новинарката Ирена Радовановиќ почина денеска, оставајќи зад себе значаен белег во новинарската професија.

Според објавата од семејството, погребот ќе се одржи на 9 мај 2026 година (сабота) во 11 часот на гробиштата во Радишани.

„Пријатели, познаници, колеги, роднини! На 8 мај 2026 од овој земен свет замина нашата светлина, Ирена Радовановиќ. Погребот ќе биде на гробиштата во Радишани на 9 мај 2026 (сабота) во 11 часот. Ве замолуваме, ако некогаш ве носи патот до некој храм, запалете свеќа и помолете се за нејзината душа. Го сакаше Господ, ги сакаше луѓето, го сакаше животот – за жал, прекратко. Нека ѝ е лесен и светол патот“, стои во соопштението на семејството.

Ирена Радовановиќ ќе остане запаметена по својата посветеност на професијата и човечноста.