Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина поетот, писател и сценарист Абдулах Сидран

/

пред 943 дена

Сподели преку :

Почина босанскиот поет, писател и сценарист Aбдулах Сидран. Сценарист е на култните филмови „Се сеќаваш ли Доли Бел“, „Татко на службен пат“ на режисерот Емир Кустурица.

За неговите поетски книги е наградуван со книжевни и општествени награди во Босна и Херцеговина.

Избор од неговата поезија во превод на германски, француски и италијански јазик се објавени во Австрија, Франција и Италија. За книгата поезија „Сараевски табут“, за војната во Босна и Херцеговина ја доби наградата на слободата на францускиот Пен центар.

Абдулах Сидран беше член на босанската Академија на науки и уметности и мајсторски кандидат во шах.

Беше роден во Сараево.

Имаше 80 години.