Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина поранешниот пратеник и јавен работник Благојче Трпевски

/

пред 222 дена

Сподели преку :

Почина поранешниот пратеник и јавен работник Благојче Трпевски,  а веста вчера на социјалните мрежи ја сподели поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој упати сочувство до неговото семејство и блиските.

Ковачевски во објавата истакна дека Трпевски ќе биде запаметен како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек, кој во текот на својата кариера оставил значаен придонес во јавниот живот.

–Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек. Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени“, напиша вчера Ковачевски.

Семејството на Трпевски пред неколку години ја доживеа и една од најголемите лични трагедии. Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те жртви во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“, што се случи во февруари 2019 година на автопатот Скопје–Тетово, кога автобус со околу 50 патници излета од патот и се преврте.