Во 70-тата година од животот, по кратко боледување денеска почина Васил Рингов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија.
Рингов беше фудбалер со извонреден талент и чувство за гол, репрезентативец на Македонија и поранешна Југославија.
Најуспешниот дел од својата кариера ја помина во скопски Вардар, каде што одигра повеќе од 200 натпревари во 80-тите години од минатиот век и постигна 93 голови, засекогаш впишувајќи се меѓу легендите на нашиот најтрофеен клуб.
Покрај Вардар, Рингов играше и за Тетекс и Беласица, каде што и започна да игра фудбал.
Васил Рингов играше и фудбалските тимови од поранешна Југославија – Партизан и Динамо Загреб и германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.
Од него денеска се прости и Фудбалската репрезентација на Македонија која на својот профил на социјалните мрежи напиша: „ Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат. Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра. Почивај во мир, драг наш Васе“











