Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна евакуацијата од Херсон

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Украинските власти почнаа да ги евакуираат граѓаните од градот Херсон, неодамна ослободен од киевските трупи по неколкумесечна руска окупација, јави ДПА.

Сто лица патувале со воз до градот Хмелницки во западна Украина, соопшти  украинското Министерство за инфраструктура. Меѓу нив има 26 деца и шест болни лица. По пристигнувањето во Хмелницки, сите евакуирани ќе добијат потврди дека се внатрешно раселени лица и државна финансиска помош.

Во средината на месецов, притиснати од украински контранапад, руските трупи кои го нападнаа и го зазедоа Херсон на почетокот на март се повлекоа од градот.

Меѓутоа, руските трупи се распоредија на позициите на спротивниот брег на реката Днепар и оттаму гаѓаат со артилериски оган. Инфраструктурата на Херсон е уништена до тој степен што украинските власти препорачаа граѓаните привремено да го напуштат градот.