Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна рушење на бесправно изградените тераси на кафулињата на струмичкото корзо

/

пред 518 дена

Сподели преку :

Почна рушење на бесправно изградените тераси на кафулињата на струмичкото корзо. Екипите на струмички „Комуналец“ со асистенција на полицијата ги отстрануваат објектите поставени на јавните површини. Во моментот се работи на еден-два објекта, додека други сами ги отстрануваат, велат од Општина Струмица.

Градоначалникот вели дека ова е непопуларна мерка, но засилените инспекциски надзори покажале дека голем број угостителски објекти во Струмичко не ги исполнуваат одредбите за користење на јавна површина, т.е наместо само поставување на урбана опрема тие и ги заградиле. Најголемиот број објекти ги отстранија своите заградени тераси во текот на минатите два месеца. Костадинов вели дека останале помалку од 5% објекти кои не ја исполниле обврската.

Граѓаните што денеска минуваа низ градскиот плоштад беа со поделени мислења. Некои не сакаа да го кажат својот став за рушењето на терасите, додека други велат дека плоштадот и корзото биле стеснети поради заградените тераси и поставување урбана опрема на шеталиштето.

Овие акции следуваа по трагедијата во Кочани, кога Владата преку надлежните министерства, а потоа и општините нареди вонреден инспекциски надзор за работата на дикскотеките и угостителските објекти.

Сузана Мицева