Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува расправата за интерпелациите на петмина членови на Судскиот совет

/

пред 590 дена

Сподели преку :

Во Законодавниот дом почнува расправа за интерпелациите на петмина членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието. Совет за сега не ги откриваат своите планови и тактики за денешната дебата.

Информираа само дека не донеле конечна одлука дали ќе влезат во собраниската сала и да земат учество во дебатата. Случајно или не, само еден час пред собраниската седница, има закажано седница на Судскиот совет.

Претседателот Камбовски вели дека ја закажал пред да дознае за тајмингот на собраниската седница, но ова нема да биде пречка ако членовите одлучат да се појават пред пратениците.

Власта поднесе интерпелации за Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа.

Како што беше образложено, интерпелациите се поднесуваат заради негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување на довербата на граѓаните кон судството.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е свесен дека дури и да се изгласаат интерпелациите тие не може да бидат разрешени, освен ако не одлучат сами да си поднесат оставка но изрази надеж дека доколку им биде изгласана недоверба дека сами ќе го сторат тоа.

Опозицијата пак се противи на интерпелациите и смета дека тие не претставува реформа туку упад на уставниот поредок и случај во кој законодавната власт се наметнува врз судската.