Со отворањето на изложбата на плакати и проекција на „Триаголник на тагата“ годинашен добитник на „Златна палма“на Канскиот филмски фестивал, во Кинотеката на Македонија започнува јубилејното 25-то издание на фестивалот„Скопје филм-фестивал“. Во програмата „Светски филм“ ќе се прикажат филмови од најновата продукција, додека во програмата „Авторски филм“ најновото остварување на Гаспар Ное.











