Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува „Вевчански карневал 2026“

/

пред 265 дена

Сподели преку :

Денеска почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“.

Со маски кои повторно ќе бидат во центарот на вниманието утре во 13 часот ќе започне Централната карневалска поворка кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата.

Утревечер од 20 часот ќе следуваат концерти на фолк-музика, со настапи на Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“. Музичката програма ќе заврши на полноќ со настап на Перо Бели и групата „Вип“, кои традиционално ќе ги испратат карневалците на изворите.

Вевчанскиот карневал, со традиција долга речиси 1.400 години, претставува спој на пагански обичаи, христијанска традиција и современа сатира и има силна социјална и културна улога во заедницата. Карневалот симболично го означува преминот од старата во новата година, како и потребата од прочистување, обновување и нов почеток.