Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Подобрена состојбата на еден пациент на ВМА во Белград, тешка кај останатите

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Еден од повредените во пожарот во Кочани, кој е на лекување во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, има подобрување на здравствената состојба и од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија.

Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.

„На ВМА има 10 пациенти од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка состојба. Еден пациент кај кого има подобрување на здравствената состојба го напушти одделението за Интензивна нега и е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Тоа значи дека, сепак, е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување“, изјави д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија и главен дежурен хирург, за РТС.

Во Србија моментно се лекуваат 29 повредени лица од Кочани.