Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот

/

пред 274 дена

Сподели преку :

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар. Поевтинува и мазутот за 0,848 денари, а цената на екстра лесното масло за домаќинство не се менува.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 72 денара, дизел горивото 64,50 , а мазутот 32,801 денар за килограм.

Цената на екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) останува 64 денари за литар.

Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94 отсто во однос на одлуката од 29.12.2025 година.