Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Погодени 200 локациии на Хамас во појасот Газа за само 24 часа

/

пред 1046 дена

Сподели преку :

Погодени 200 локациии на Хамас во појасот Газа за само 24 часа. Изведен е воздушен напад врз складиште полно оружје на Хамас во јужниот дел на Газа. Во нападите убиени се седум членови на палестинската милитантна група.Погодена е и зграда во близина на училиште каде во дворот биле пронајдени и три влеза во тунелите на Хамас. Во нападите уништен е и  тунел на Хамас долг 15 метри.

Израелскиот премиер пак денес изјави дека Израел ќе продолжи да се бори до крај.

„Ќе ги постигнеме сите наши цели – елиминација на Хамас, ослободување на сите наши заложници и ветување дека Газа повторно нема да стане центар на терор, поттикнување против државата Израел и напади против државата Израел. . Ќе продолжиме да се бориме до крај, за доброто на паднатите и за сигурност на нашите животи овде во земјата на Израел“ – истакна Бенјамин Нетанјаху, израелскиот премиер.

Во напад врз куќа во источен Рафах загинаа најмалку 3 лица, а неколкумина беа повредени. Во Рафах пристигнаа и камиони со хуманитарна помош .

„Слушнавме експлозија и истрчавме да видиме што се случило. Ја најдовме куќата на нашиот сосед, Ал-Мсалами беше погодена. Беше на четврти кат. Имаше загинати и повредени. Имаше едно лице загина синоќа и само го извлекоа телото“- вели Фарид Абу Лули, сосед на оштетената зграда .

СЗО пак за Итната медицинска помош во болницата „Ал Шифа“  го истакна терминот ‘’место натопено во крв’’. Од таму велат дека има недостиг од храна,вода, гориво и кислород. Тоа е причината за нефункционалноста на оперативните сали.

Марија Коцева