Матурантите кои не ги положиле екстерните испити од државната матура во јуни, ќе имаат нова шанса во августовската испитна сесија.
Полагањето ќе се одржи на 12 август (мајчин јазик и литература) и на 14 август (изборен предмет – математика, странски јазици, филозофија, естетика).
Вкупно се пријавени 1.118 ученици, од кои најмногу ќе полагаат англиски јазик (779), а испитите ќе се спроведуваат во факултетски простории.
Најмногу ученици се од средно стручно образование – 835, додека од гимназиско се 265, а 18 од средно уметничко.
Во јунискиот рок полагале 15.004 ученици, од кои 172 имале поништени тестови поради неправилности.
Средната оценка од јунската сесија е 3.69, што е подобро од лани (3.26), а највисок просек има по математика – 4.14.
Државниот испитен центар и Министерството за образование и наука апелираат до учениците да ги почитуваат правилата за полагање и да не се обидуваат со недозволени средства, со цел фер и успешна реализација на испитите.
Августовската сесија претставува последна можност за матурантите да го завршат средното образование со важечки сертификат за државната матура во учебната 2024/2025 година.











