Еден мртов, двајца ранети и напаѓачи, чиј идентитет не е познат, во бегство. Ова е епилогот од последната пресметка на скопското подземје која се случи вчеравечер во скопски Чаир. Два часа по ифтарската вечера, рафали од калашникови ги натераа жителите на улицата Браќа Реџепагиќ да се тргнат од дворовите и прозорците и да се засолнат во своите домови.
Чајџилницата во која е ликивидиран Идризи е во приземјето на двокатна куќа чии прозорци се затворени. На излозите нема никаков натпис и обичен минувач никогаш не би знаел дека внатре е угостителски објект.
Напаѓачите бегаат низ тесните и темни улички во маалото, Идризи е пренесен во Кличникиот центар каде лекарите само може да констатираат смрт, а двајцата повредени за кои очевидци тврдат дека имале прострелни рани во нозете се префрлени во Градска хируршка болница.
Полициски тимови извршија увид и денеска ја обезбедува алокацијата. Од Обвинителството соопштија дека се земени снимки од безбедноски камери поставени на објекти во близина на чајџилницата.
На 13 мај минатата година, воочи празникот Рамазан Бајрам, на паркинг во скопската населба Бутел 2 ликвидиран беше неговиот брат, четири годишни помладиот, Камер Идризи (43). Како и во овој случај станува збор за класична егзекуција. Идризи бил во паркиран автомобил заедно со 24 годишниот внук. Две возила ќе застанат до нивниот голф и од нив ќе излезат напаѓачите вооружени со автоматски пушки. Камер ќе почине на самото место а неговиот внук Исени по една недела во Клиничкиот центар. Увидот покажа дека напаѓачите од непосредна близина испукале над 80 куршуми во телото и возилото на Идризи.
Браќата Идризи се поврзуваат со криминалната група од скопски Грчец која е во отворен судир со криминалната група „Беланоца“ од скопско Арачиново. Камер Идризи беше еден од учесниците во престрелката во хотелот „Александсар Палас“ каде напаѓачи вооружени со пиптоли и автоматска пушка отворија оган врз неколку лица од скопски Грчец меѓу кои беше и Идризи.
Огнен Чанчаревиќ











