Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата и кучињата трагачи го проверуваат стадионот пред почетокот на Европското првенство

/

пред 860 дена

Сподели преку :

Арената Дизелдорф, еден од стадионите  на кои ќе се одиграат натпреварите од  Европското фудбалско првенство, вчера беше претресен од 45 кучиња трагачи и околу 200 полицајци поради проверка за екслозивни направи и други опасни материи.

Мерката имаше за цел да ја зголеми безбедноста на играчите и гледачите и беше придружувана од министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Херберт Реул.

На арената во Дизелдорф првиот натпревар ќе го одиграат репрезентациите на Франција и Австрија на 17 јуни, a покрај нив во групната фаза ќе се одиграат и натпреварите меѓу Словачка и Украина на 21 јуни  и Албанија и Шпанија на 24 јуни.