Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полициската интервенција на Денот на албанското знаме била неоправдана и без преседан – ДУИ бара итна оставка на Тошковски

/

пред 694 дена

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција (ДУИ) итно бара оставка од министерот за внатрешни работи поради неоправданата, и без преседан, полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме. Оваа интервенција, според интегративците, „не само што ги попречи мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвика непотребни тензии и инциденти кои ја нарушија меѓуетничката хармонија во земјата“.

„Денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните Албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Опозициската партија обвинува дека „министерот за внатрешни работи не успеал да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност“.

„Поради ова, бараме неговата итна оставка“, соопштуваат од ДУИ и додаваат дека остануваат посветени на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Северна Македонија.

„Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се заклучува во дописот на ДУИ.