Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политичка или бизнис позадина – изгореа три автомобили во Битола

/

пред 511 дена

Сподели преку :

Три возила се опожарени ноќеска на паркинг пред станбен комплекс на улицата „Леринска“ во Битола, во централното градско подрачје.

Пожарот во полиција е пријавен 20 минути по полноќ, по што веднаш била повикана противпожарната единица и извршен е увид на местото на настанот. Како што соопшти СВР Битола, едно од возилата е со битолска регистрација, едно возило е скопско и едно е тетовско.

Најверојатно цел на нападот е битолскиот автомобил кој, неофицијано, е во сопственост на сопруга на битолски политичар, поранешен кандидат за градоначалник и актуелен бизнисмен.

Мотивите засега не се познати, полицијата работи на расчистување на случајот.