Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политичката и бизнис елита во Давос – почнува 53-то издание на Светскиот економски форум

/

пред 1368 дена

Сподели преку :

Денеска во Давос ќе биде отворено 53-тото издание на Светскиот економски форум (ВЕФ). Ќе трае до петок (20 јануари) и во него ќе учествуваат рекорден број на бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, лидери на држави и познати личности.

Последниот Форум во познатото швајцарско зимско одморалиште беше одржан во традиционалниот период (јануари) во 2020 година, во 2021 година се организиран вируелно, а лани беше поместен во мај поради коронавирусот.

Според официјалната агенда на ВЕФ, на престижниот настан во Давос ќе учествуваат 52-ца шефови на држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за надворешни работи. Ќе има претставници и на Обединетите нации, на Меѓународниот монетарен фонд, на Светската трговска организација и други меѓународни организации.

Главни теми, според најавите на организаторите, ќе бидат како до решение на глобалната економска криза, еколошките предизвици, војната во Украина и други прашања.