Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Половина Украина без струја – Русија изведе еден од најмасовните напади со 90 проектили и над 60 дронови

/

пред 945 дена

Сподели преку :

Половина Украина е без струја. Најголемата хидроцентрала во земјата, Дњепар е исклучена по пожарот и оштетувањата, предизвикани во еден од најмасовните руски напади од почетокот на војната. Државната хидроенергетска компанија соопшти дека нема опасност од пукање на браната, но и дека е погодена електроенергетска инфраструктура и во други делови на земјата. Пријавено е оштетување и на еден од далекуводите на нуклеарната електрана Запорожје.

Врз критичната инфраструктура на разни сектори во земјата се истрелани околу 90 проектили и над 60 Шахед дронови, пришто најмалку две лица се убиени и над 15 се повредени во руските напади во текот на ноќта.

Украинските власти вложуваат напори за враќање на струјата во неколку региони. Денот без електрична енергија е дочекан во делови на Харков, Лвов, Суми, Запорожје, Одеса, Полтава, Дњепропетровск и други. Заменик шефот на администрацијата на претседателот Зеленски. Алексеј Кулеба на Фејсбук напиша дека еден милион луѓе ширум Украина останале во мрак.

„Околу 700.000 луѓе останаа без струја во областа Харков, над 200.000 во регионите на Одеса и Дњепропетровск и околу 110.000 во областа Полтава“,  изјави Алексеј Кулеба, заменик шеф на администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Мета на нападот беше и Киев, каде се гаѓани објекти на Главната разузнавачка служба, на Министерството за одрбана Според украинското воено воздухопловство, противвоздушната одбрана успеала да собори само 37 проектили и 55 дронови. Украинскиот претседател го осуди нападот, изрази сочуство за жртвите, но и критики за недостигот на западни системи за одбрана на небото над земјата. Во говорот пред Европскиот совет, тој повика на итна испорака на повеќе системи за противвоздушна одрбана за заштита на цивилите од, како што рече, „неселективните руски напади“.

Украина возврати со напад врз Белгород, каде најмалку едно лице загина, а неколку се повредени. Според локални руски официјални лица, оштетени се три здравствени установи и неколку станбени објекти. Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков соопшти дека „специјалната воена операција“ на Русија прерасна во војна по, како што нагласи, „вмешување на Западот на страната на Украина“.

Сашко Димовски