Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Попладне со локална нестабилност – Временска прогноза за 22.5.2022

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северозападен ветер.

Агропрогноза:

Топлото време изминатата седмица, на некои места и со натпросечни температури, беа одличен предуслов за изведување на земјоделски работи на отворено, како што се меѓуредовата обработка, различните средувања кај градинарските култури на отворено, расадување на тутун во централниот и јужниот дел од Македонија.
Заради малиот број на врнежи и високите дневни температури, житните култури заостануваат во својот развој, а ваквата состојба ќе влијае и врз приносот на културите. Метеоролошките услови во наредниот период ќе влијаат и на развој на болести, штетници и плевели.
Затоа се препорачува заштита на земјоделските култури кога временските услови тоа ќе го дозволат.
Температурата на почвата на 5cm во наредниот период се очекува да се движи од 19 до 28˚C.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/