Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поплави во Тетово – под вода се улици и дворови. Пожарникарите извлекувале заглавено комбе од подзвозник

/

пред 755 дена

Сподели преку :

Силниот дожд што го зафати попдалнево Тетово, поплави улици и дворови во градот и околината.

Пожарникарите извлекувале и комбе заглавено во поплавениот подвозник во село Желино.

Се испумпува вода од куќи, подруми и дворови информираат од противпожарната тетовска бригада.

Пожарникарите интервенирале во извлекување на комби возило во кое имало 11 патници, а кое било заглавено под подвозник на патот кон селото Сиричино. Во извлекувањето на возилото, со јаже интервенирале четворица пожарникари со едно возило на бригадата.

Oттаму велат се очекува нов дожд и подготвени се повторно да излезат на терен за да санираат евентуални нови штети.