Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради измените на КЗ запре кривичната постапка за случајот „Траекторија“

/

пред 1067 дена

Сподели преку :

Обвинителката Лиле Стефанова се повлече од гонење на Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски за делото злоупотреба на службената положба со образложение пред судечкиот совет дека во случајот со Груевски настапува апсолутна застареност на делото, а постапката за другите тројца обвинети да запре поради измените во КЗ.

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште побара обвинението против обвинетиот Никола Груевски да биде повлечено.

Ова е уште еден случај во низата истраги на СЈО во кој застанува гонењето на високопрофилиран криминал по измените на Кривичниот законик со кој се воведоа скратени рокови за злоупотреби на службената положба како и намалување на затворските казни.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.