Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради најавените дождови, концертот на Deep Purple се сели на арена “Борис Трајковски”

/

пред 1594 дена

Сподели преку :

Концерот на DEEP PURPLE ќе се одржи во арената Борис Трајковски, поради најавените дождови, сооптија од Авалон Продукција. Соопштението го обајвуваме во целост :

Поради најавеното дождливо време  на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на DEEP PURPLE, се одлучивме за сигурна варијанта- префрлување на концертот во арена “Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај.

Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:

ФАН ПИТ:

Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.

ПАРТЕР:

Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.

ВИП:

Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)

Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно.

Сега на новата локација, и тоа е возможно.

Имено, во продажба според капацитетот на арената “Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот.

Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk.