Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово

/

пред 189 дена

Сподели преку :

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, која била поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека доколку не ја врати на работа или не ѝ исплати 5.000 евра, ќе објави фотографии на социјална мрежа.

Со фотографиите, како што се наведува, таа се заканувала дека ќе прикаже наводно несоодветно ракување со храната во објектот, со цел да создаде негативна слика за угостителскиот бизнис. Во извршувањето на делото ѝ помагал второпријавениот.