Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот црногорски боксер Горан Гогиќ обвинет во САД за криумчарење на 20 тони кокаин

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Поранешниот црногорски боксер од тешка категорија 43-годишниот Горан Гогиќ е обвинет за криумчарење на кокаин во вредност од една милијарда долари, објави CNN.

Според американското Министерство за правда Гогиќ е обвинет за шверц на дрога низ американските пристаништа, тој бил уапсен во неделата вечерта додека се качувал на меѓународен лет од Мајами за Швајцарија.

Според американски адвокат за Источниот округ на Њујорк, Бреон Пис количините на кокаин кои Гогиќ и неговите соработници, наводно, се обиделе да ги прошверцуваат се „неверојатни“, станува збор за повеќе од 20 тони кокаин, односно едно од најголемите заплени на кокаин во историјата на САД.

Американското Министерство за правда соопшти дека биле запленети три пратки кокаин. Најголемата од трите заплени се случи во пристаништето Филаделфија на 19 јуни 2019 година, кога речиси 20 тони кокаин беа пронајдени скриени на еден бродот.

Си-Ен-Ен се обиделе да добијат коментар и од адвокатите на Гогиќ и од Конзулатот на Црна Гора во Њујорк, но веднаш не доби одговор.

Боксерската кариера на Гогиќ траеше 11 години од 2001 до 2012 година, тој се пензионираше со 21 победа, четири порази и два нерешени натпревари.