Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пораст на инфлацијата за 2,4% во декември

/

пред 640 дена

Сподели преку :

Инфлацијата во еврозоната се зголеми на 2,4% во декември, што претставува пораст од 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец.

Главен фактор за ова зголемување е поскапувањето на енергенсите.

Иако инфлацијата се зголемила, базичната инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, останала стабилна на 2,7%.

Цените на услугите забележале раст од 4%, додека кај индустриските производи и прехранбените производи забележани се помали промени.

Пораснатата инфлација, иако далеку под рекордните нивоа од октомври 2022 година, продолжува да претставува предизвик за економијата на еврозоната.

Изминатиот период со цел да се раздвижи економијата Европската централна банка донесе одлуки за намалување на каматните стапки.