Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Порошенко: Запишете – претседателски избори во Украина на 26 октомври

/

пред 607 дена

Сподели преку :

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко најави дека властите во Киев ќе одржат претседателски избори кон крајот на годината. Додаде дека државната печатарска служба го пресметува бројот на гласачки ливчиња што е потребен за изборите.

„Запишете – 26 октомври оваа година“, рече Порошенко во неодамнешно интервју за украинската новинаска страница Censor.net.

Порошенко рече дека информацијата ја добил од анонимен инсајдери во кабинетот на украинскиот претседател Зеленски.

„Според нашите извори, украинската изборна комисија почнува со ревидирање на списокот на гласачи. Тоа е исклучиво во насока на подготовка за избори“, наведе Порошенко.

Но, Давид Арахамиа, шеф на пратеничката група на партијата на Зеленски „Слуга на народот“, го негираше тврдењето на Порошенко во објава на Телеграм.

„За време на вонредна состојба, невозможно е да се одржат избори. Челниците на сите партии се сложија дека избори нема да се одржат најмалку шест месеци по завршување на вонредната состојба“, напиша Арахамиа на Телеграм.

Петгодишниот мандат на Зеленски требаше да заврши на 20 мај минатата година. Изборите требаше да се одржат во март или во април лани, но беа одложени, бидејќи земјата сè уште е во вонредна состојба. Според украинскиот Устав, Зеленски продолжува да ја извршува функцијата до избор на нов шеф на државата.