Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Во време кога одредени соседи го негираат македонскиот јазик и идентитет, важно е да се посочат и разоткријат конкретните примери за политички говор на омраза од поранешните бугарски европратеници кои изобилуваат со навреди упатени кон македонскиот народ и иницираат нетрпеливост, дискриминација, па дури и повици за насилство, посочи во своето излагање професор Цветанова во рамки на работилницата на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“

„Во рамките на овие политички говори на омраза се вклучени и одредени барања за историски ревизионизам, што значи дека историскиот ревизионизам е во суштина обид за манипулација со историските наративи, при што се бара искривување или игнорирање на одредени историски факти како оние за негирањето на посебноста на македонскиот јазик и неговиот историски континуитет“, изјава проф. д-р Ганка Цветанова од Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ. 

„Политичкиот говор на омраза може да се илустрира со најновото актуелизирање на македонското прашање, а со тоа и најновото оспорување на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и континуитет. Артикулирано на експлицитен начин во серија договори и други меѓународни акти кои добија поддршка и легитимитет од меѓународни кругови, па и од самата ЕУ за жал“, изјава академик Катица Ќулавкова.

Во контекст на европските вредности, важно е да се посочи дека европскиот идентитет како политички концепт, пред сè, се темели на основните европски принципи: слобода, човекови права и еднаквост и оттука може да кажеме дека политичкиот говор на омраза е антипод на европските вредности, вели Цветанова.

„Отсуството на соодветен одговор кон земјите членки кои практикуваат говор на омраза во однос на македонскиот етнички, културен, јазичен и национален идентитет може да се сфати како премолчана толеранција на политички говор на омраза“, додаде Цветанова. 

Според учесниците на оваа работилница во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ беше забележано дека е исклучително важно со научен пристап македонскиот јазик да се извлече од ненаучниот пристап при решавање на важни прашања.

Нина Стефанова