Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јајцата и маслото поскапеа до 10 проценти

/

пред 201 дена

Сподели преку :

Јајцата поскапеле за 5 до 10 отсто, маслото до 5 проценти. Ова е констатирано во контролите кои изминативе седум дена ги направиле инспекторите од пазарна. Од инспекторатот за Телма велат дека 30 тимови ги скенирале производителите, увозниците, маркетите и генерално цените за сега се стабилни.

Ова зголемување е поради растот на цената на суровините на светските берзи.  За околу 15 отсто е поскапено суровото масло, а зголемување е забележано и кај сојата и пченицата поради конфликтот со Украина но и новите случувања на Блискиот исток, соопштија за телма од државен пазарен инспекторат

Од ДПИ соопштија и дека трговците барем за сега добиле уверување од производителите дека нема поместување кај нивните цени.  Контролите на инспекторатот ќе ќе продолжат и во следните две до три недели.