Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поскапо производство на ориз, пченка и сончоглед – земјоделците почнаа со пролетната сеидба со зголемени цени на вештачките ѓубрива и нафтата

/

пред 173 дена

Сподели преку :

Пролетната сеидба поскапо ги чини земјоделците. Зголемувањето на цените на вештачките ѓубрива и на нафтата ги зголемија трошоците за производство на ориз, пченка и сончоглед. Од страна на државата во тек е скрининг на фирмите кои увезуваат вештачки ѓубрива и тоа по која цена ги имаат увезено и колкава е маржата која што ја имаат употребено во делот на продажбата. Министерот за земјоделство, Трипуновски најави дека утре на заедничка маса седнуваат министерствата за земјоделство и економија, пазарниот инспекторат и увозниците на вештачки ѓубрива.

„Веќе за утре е закажан состанок со увозниците на вештачки ѓубрива во нашата држава, во министерството за земјоделство, на кој што ќе присуствуваат и претставници од министерството за економија, да ја согледаме сондажата од терен, која што е пристигната од пазарниот инспекторат и во зависност од параметрите кои што ќе бидат внатре, на еден заеднички состанок ќе донесеме некои конкретни мерки, како ќе се делува во делот на евентуално превенирање на ценовниот шок, во делот на употребата на вештачките ѓубрива“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Цветан Трипуновски.

Пред три дена во кочанскиот регион на дел од површините е пуштена водата за наводнување, со што и официјално почна сеидбата на ориз. Земјоделците по долги години ќе можат на нивите да посеат семенски материјал произведен во Институот за ориз во Кочани.

„Таму веќе се работи на домашно производство на семенски материјал. Ве поканувам како медиум да го посетите овој Институт и да се уверите, навистина таму има сериозен прогрес. Веќе оваа година, оваа сеидба ќе имаме први количини на семенски материјал, кои што ќе бидат употребени“, додаде Трипуновски. 

Се следи и процесот на откуп на оризова арпа од ланската реколта, а досега според податоците на ресорното министерство се откупени околу 10.000 тони оризова арпа од ланската реколта.

Викторија Јованова