Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Последен ден за прогласување економска кризна состојба

/

пред 1483 дена

Сподели преку :

Кај нас денеска истекува последниот ден за изгласување продолжување на кризната состојба за справување со енергетската криза.

Предлогот треба да се најде на пленарна седница пред пратениците откако вчера помина во собраниската комисија за одбрана и безбедност, а потоа и во законодавно правната комисија.

По пратеничката дебата предлогот ќе биде ставен на гласање. Опозицијата рече дека ќе даде поддршка иако изминатиот период во долги комисиски дебати бараше одговор од власта за моменталната состојба со енергенсите во земјава и за начините како планира да се справи со овој предизвик.

Власта пак ја повикуваше опозицијата да даде поддршка за да се отворат голем број механизми преку кои владата ќе може да ја менаџира кризата.

Собранискиот спикер Такат Џафери повика да се запази рокот за да може кризната состојба да започне од први октомври со цел навремено да се обезбедат енергенсите и за обезбедување топлинска енергија за скопјани пред почетокот на грејната сезона на 15ти октомври.