Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потенцијалот на топлата вода може да донесе нов прогрес во струмичкиот аграр, порачуваат агрономите

/

пред 1037 дена

Сподели преку :

Топлата вода во Банско создава услови за садење зеленчук во нестандардни периоди  за раноградинарското производство. Градинарите од овој период веќе произведуваат пролетна зелка, а насаден е и пиперот што ќе се бере во јануари. Ристо ВЕлков вели дека потенцијалот на топлата вода може да донесе нов прогрес во струмичкиот и македонскиот аграр.

Велков вели дека годината што изминува била успешна за градинарите. Производството било солидно, а цените задоволителни. Иако храната  беше прилично скапа за просечниот граѓанин, земјоделците имаа успешна сезона.

Според агроекспертите доколку овој тренд на стабилен откуп и цени се задржи неколку години, има надеж и за нови земјоделски производители, но и посериозни вложувања од младите кои во моментов со земјоделство се занимаваат повремено или како дополнителна, а не и примарна дејност.

Сузана Мицева