Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потона сплав на Дунав – гостите навреме се спасија

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Сплавот „Боем“, на кејот на реката Дунав во градот Смедерево, во текот на ноќта, потонал до половина, пренесуваат српските медиуми.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека во моментот кога водата влегла во сплавот имало гости, но тие успеале да излезат навреме.

Според информациите што ги пренесува српскиот национален сервис РТС при потонувањето на сплавот нема повредени гости, а веднаш по добиените информации екипи на противпожарната единица излегле на терен.

Засега не е позната причината за потонувањето на сплавот.

https://www.youtube.com/watch?v=_7h8XsEm7lQ