Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потребна ни е солидарност по примерот на Движењето на неврзаните – нова изложба „На чија страна си?“

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Потребата од солидарност во светот денес, е темата, а и воедно и пораката на изложбата „ На чија страна си-за неврзаната деколонијална констелација“, отворена во фоајето на Националната опера и балет. Низ дела од домашни и странски уметници кои се изразуваат во различни медиуми, преку истражувања и архивска граѓа , изложбата го поврзува глобалното геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со антиколонијализмот и солидарноста како принципи на Движењето на неврзаните земји.

  • Кога зборуваме за солидарност, за каква солидарност зборуваме? Зборуваме само да му помогнеме на некој или зборуваме исто така и самите да се освестиме од сите оние стигми што ги носиме во себе. Прашањето со Украина, тоа беше прашањето што го поставуваат истражувачите Гал Кин и Славуј Жижек, која позиција треба да ја заземе во оваа ситуација Украина. Едно од прашањата беше Движењето на неврзаните . Тоа треба да се реобмисли одново, вели Ивана Васева- кураторка на изложбата

Движењето на неврзаните го формираа претседателите на СФРЈ, Индија и Египет- Тито, Нехру и Насер. Започна со декларацијата од 1956, а продолжи со првата конференција во Белград- 1961. Со околу 120 земји членки, денес Неврзаните немаат толкава моќ во светот како во минатото.

  • Како што изгледа денес некои нови Неврзани се невозможни во овој миг. Па, ние низ културните политики и размена се обидуваме да создадеме некој поинаков систем, утописки. И да видиме што би можело да се случи низ тие идеи од минатото, изјави Бојана Пишкур- кураторка од Модерна галерија – Љубљана

Изложбата стартува од Словенија 2019,  а во февруари идната година ќе ја видат граѓаните на Лондон. А, поставката која го вклучува нашиот локален контекст во НОБ ќе биде отворена до 16 декември.

Сотир Трајков