Потребно е да се вложи повеќе во културата на говорот на македонскиот стандарден јазик, велат од Културно- едукативниот центар „ Небрегово“. Според претседателот на Собранието на Центарот, Максим Каранфиловски, формирањето на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, е доволно за писмениот јазик, а за унапредување на говорниот, треба да се обрне повеќе внимание во образовниот процес. Во Центарот „ Небрегово“ денеска беше промовирана книгата „80 години азбука и правопис“ на која работеа повеќе од 20 научни работници од земјава.
Треба да се вложи повеќе во културата на говорот на македонскиот стандарден јазик преку образовниот систем, културниот живот и преку лекторирање на текстови.Според претседателот на Собранието на КЕЦ „Небрегово“, формирањето на Инспекторатот за употреба на стандардниот македонски јазик е доволно од аспект на писмениот јазик, а за говорниот, кој влегува во културата на говорот, треба да се направи повеќе зашто тука законските акти не помагаат.
- Образовниот систем треба повеќе да обрне сметка, самите родители и самите говорители на јзикот, исто така. Бидејќи треба да се угледаме на други земји , каде што човек кој настапува на јавно место се смета за неписмен ако не го зборува литературниот , стандарден јазик. Кај нас никој не обрнува внимание на тоа- Максим Каранфиловски – претседател на Собранието на КЕЦ „Небрегово“.
Јазикот е нашата татковина, рекол Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературан јазик и втемелувач на Македонистиката. Во неговата родна куќа во Небрегово, денеска беше промовираната книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“. Книгата содржи трудови од научни работници од сите универзитети и институти во Македонија, избрани на конкурс.
- Над 20- тина автори со исклучително значајни трудови. И тука посебно го издвојувам текстот од епископот на МПЦ Г.Г. Стефан. Тоа е текст што дише и прави спој меѓу значајните датуми, меѓу Кирил и Методиј, меѓу Климент и Наум и Блаже Конески- Атанас Конески – секретар на КЕЦ „Небрегово“.
Промоцијата на изданието е дел од програмата со која цела годинава се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.
Сотир Трајков











