Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потврда од Мерц: Западните земји го укинуваат ограничувањето на дометот на оружјето за Украина

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Нема повеќе ограничување на дометот на ракетите кои западните земји сојузнички ги испорачуваат за Киев, потврди новиот германски канцелар Фридрих Мерц.

„Повеќе не постојат никакви ограничувања во врска со дометот на оружје што се испорачува за Украина, ниту од Велика Британија, ниту од Франција, ниту од нас. Не постојат ограничувања ниту од САД“, изјави Мерц, според „Киев Индепендент“, за време на форум во организација на германската ТВ куќа ВДР.

„Тоа значи дека Украина сега може да се брани, на пример, со напади врз воени цели во Русија. До неодамна не можеше и, освен неколку исклучоци, тоа не го правеше“, додаде канцеларот на Германија.

Иако Украина добиваше проектили со долг домет од САД, Велика Британија и Франција, нивната употреба сепак беше ограничена на руски воени цели на окупираните украински територии. Веднаш стигна одговор од Кремљ по изјавите на Мерц. Москва предупреди дека укинување на ограничувањето на дометот на оружјето на Украина, би можело да има сериозни последици.

„Европските земји кои го укинуваат ограничувањето во врска со воените капацитети на Украина повлекуваат опасен потег“, порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека таквата одлука би била во спротивност со напорите за политичко решение на војната.