Два протсети со идентични барања денеска на скопските улици. Судската администрација излезе на улица предводеа од УПОЗ и од независниот синдикат. 78 отсто повисоки плати за вработените во судската администрација или работата во судовите нека ја работат само избраните и именувани функционери кои што добија повисоки плати, како и исплата на додатоците во висина до 35 отсто од платата кои со месеци не им се исплаќаат, иако се предвидени со закон.
Две третини од вработените во судската администрација примаат плати поблиски до минмалната отколку до просечната плата во државата.
Судовите го полнат државниот Буџет со значителна сума, но министерот за финансии тие средства ги префрла во други институции и сектори. Затоа едно од барањата на денешните протести беше средстваат да останат во правосудството.
Разликата во висината на платите меѓу администрацијата и избарните функционери во судството е неколкукратна а со 78 отсто зголемување на платите ќе некакво приближување
Вчера со штрајк почна администрацијата во сите јавни обвинителства во државата кои имаат идентични барања како и колегите во судовите, и не прифаѓаат само 10 отсто зголемување на платите. Штрајкот ќе трае до исполнување на нивните барања, а ќе работат само на неодложните предмети.
Огнен Чанчаревиќ











