Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повредени 24 патници откако воз од метрото во Њујорк излета од шините по судир со друг воз

/

пред 1025 дена

Сподели преку :

Воз на њујоршкото метро излета од шините, откако се судри со друг воз, при што повеќе од 20 луѓе се повредени, вклучително и некои кои се пренесени во болници, соопшти градската полиција.

Најмалку 20 возила за итна помош интервенирале на терен, а околу 300 луѓе биле евакуирани од патничкиот воз кој излета од шините.

Пожарникарите евакуираа и неколку стотици луѓе од трет воз кој поради несреќата мораше да застане во тунелот.

Судирот предизвика и големи прекини во попладневниот шпиц. Причината занесреќата за сега се уште е непозната.