Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повредените во пожарот во кочанската дискотека закрепнуваат – нивното лекување продолжува

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Секојдневно се работи со младите луѓе, кои беа повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Во моментов на Клиниката за пластична хирургија се работи на намалување на нивните лузни, како последица од страотниот пожар.

Директорката на Клиниката за пластична хирургија вели дека ја радува и тоа што кај најкритичните пациенти има и подобрување во движењето, а тоа е резултат и на работата на физотерапевтите со нив.

Минатата недела заврши и реевалуцијата на здравствената состојба на повредните во кочански „Пулс“. Извештајот на лекарите кој ќе го достават до Министерството за здравство треба да покаже на колку млади луѓе ќе им бидат потребни дополнителни хируршки интервенции. Во наредниот период во нивната рехабилитација, ќе се вклучат и дерматолозите.

Рехабилитацијата на повредените млади луѓе се одвива во болниците во Кочани, Штип и Скопје. На 16 март во најголемата трагедија во земјата загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.

Викторија Димитрова Јованова

Дигитална обработка: T.Д.