Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

/

пред 560 дена

Сподели преку :

Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково. Екипа на Итната медицинска помош Скопје е на лице место, пренесе МИА.

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврди собраќајната незгода кај селото Зелениково и додаде дека се случила меѓу патничко возило „тојота“ и воз. Во незгодата, според МВР, нема пријавено повредени лица.

Возилото било управувано од Ж.М.К. (51) од Скопје, а возот од С.М. Случајот во СВР Скопје бил пријавен во 18:10 часот.