Ученик пукаше и повреди другар во друго одделение во посебно училиште за деца со потешкотии во учењето во германскиот град Офенберг, објави Билд. Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека го уапсила осомничениот кој е малолетник.
Во акцијата, како што јави германскиот медиум, учествувале четири полициски хеликоптери и десетина полицајци на терен. Околу 180 ученици биле евакуирани од објектот и предадени на родителите.











