Црн густ чад се издигаа над депонијата Дрисла, а непријатна миризба се шири наоколу. Пожарот, кој избувна попладне во моментот е под контрола и според надлежните нема опасност да се прошири надвор од депонијата.
Пожарникарите интервенираа со повеќе од десет возила и успеаа да спречат огнот да ја зафати околната шума. Но, гаснењето на вакви пожари е сложен процес бидејќи во внатрешноста на депонијата се создаваат запаливи гасови што ја отежнуваат интервенцијата.
Од институциите не ја исклучуваат можност дека пожарот бил намерно подметнат.
Пред една недела голем пожар имаше во дивата депонија Вардариште, кој предизвика револт кај граѓаните. Тие излегоа на протести и побараа конечно решение за проблемот.
Тамара Марковска











