Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во две станбени згради во Валенсија, има загинати

/

пред 974 дена

Сподели преку :

Четири лица загинаа, четиринаесет се повредени, а 19 се водат како исчезнати во пожар кој зафати две станбени згради во Валенсија. Пожарникарите со кран се обидуваа да ги спасат станарите коишто излегуваа на прозорците и чекаа помош. Операцијата за гаснење на огнот беше отежната поради засилениот ветер.

Од Факултетот за индустриски технички инженери изјавија дека објектот во којшто избил пожарот бил обложен со полиуретански материјал кој е лесно запаллив. Според еден од станарите, огнот што наводно почнал на четвртиот кат, се проширил за само 10 минути.

Во зградата со 138 станови живееле 450 луѓе. Крај неа е поставена теренска болница, а раселените станари ќе бидат сместени во хотели.