Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во повеќекатница во Чаир, евакуирани над 100 лица, меѓу нив и деца

/

пред 746 дена

Сподели преку :

Голем пожар рано утрово зафати станбена зграда во скопската општина Чаир. Огнот според информациите почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад.

Екипите на противпожарната бригада и итната медицинска помош се на терен. За ТВ Телма потврдија дека била извршена итна евакуација на станарите. Станува збор за поголем објект од кој до рано утринава биле извлечени над 100 лица. Меѓу нив има и повредени лица соопшти итната медицинска помош.Од таму во изјава за Телма соопштуваат дека за сега сепак нема потешко повредени.

На најголем број од лицата им била укажана лекарска помош поради вдишување на чад. Екипата на Телма која рано утрово излезе на терен информира дека во пожарот била зафатена продавница и магацински простор.

Евакуацијата се уште е во тек а поради густиот чад оневозможено е станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата па тоа во моментов се прави со посебни скали и станарите се евакуираат од терасите и покривот на зградата.