Синоќа од 22:30 часот избувна пожар во Пречистителната станица за отпадни води во селото Мојанци на инсталација за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот.
Според командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апостолов, пожарникарите интервенирале со четири возила и осум пожарникари кои брзо го локализирале и изгаснале огнот, спречувајќи проширување и потенцијална експлозија.
Предизвикана е само материјална штета, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат. Фабриката денеска продолжи да работи безбедно.











