Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во складиште за хемикалии во Шпанија

/

пред 521 дена

Сподели преку :

Властите на шпанскиот град Алкала де Гуадаира им наредија на жителите на населеното место да останат во затворени простории поради пожар во складиште за хемикалии, објавија шпанските медиуми.

Според Итната помош, нема информации дека има повредени во пожарот, бидејќи сите работници во фабриката се евакуирани, пренесува „Каденасер“.

Пожарникарите од повеќе провинции се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во рамките на компанијата „Плаинсур“, во просторот каде што се чуваат хемиски разредувачи на површина од 1.000 метри квадратни.