Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во студентскиот дом „Пелагонија“, директорот вели виновен е поранешен вработен

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Демолирана и запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода во Скопје.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Скопје, а до овој момент нема пријави за повредени лица.

Директорот денеска наутро пријавил дека поранешен вработен, кој би заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност во неговата канцеларија и потоа настанал пожар.

  • „Денеска во СВР Скопје А.Ф. (36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија , Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице , фрлиле запалива течност, при што настанал пожар“, соопштуваат до МВР.

Надлежните работат на расчистување на случајот.