Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожари се гасат на пет локации

/

пред 449 дена

Сподели преку :

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи  заклучно со 13:00 часот денеска, во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор. Од нив, пет се сè уште активни, еден е под контрола, а еден е целосно изгаснат.

Најголема загриженост предизвикува повторното активирање на пожарот во општина Желино, кај селото Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде гори нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација.

Активни се и следниве пожари:

  • Општина Василево – село Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).
  • Општина Македонски Брод – село Грешница (мешана шума и ниска вегетација).
  • Општина Македонски Брод (реактивиран) – помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
  • Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација).

Пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, кој зафати мешана нискостеблеста деградирана шума, е ставен под контрола.

Целосно е изгаснат пожарот во општина Македонски Брод, во селото Слатина, место викано Стојанова Населба, каде гореа смрека, сува трева и друга ниска вегетација.

Надлежните екипи се на терен и интензивно работат на локализација и гаснење на активните жаришта, со оглед на високите температури и сушниот период.