Скопската обиколница, од клучка Арачиново до клучка Приштина, е затворена за сообраќај од 17 часот поради разгорување на пожарите, информира АМСМ.
Од 17:20 часот, затворен сообраќајот и од клучка Радишани кон Тетово и обратно од клучка Орман до клучка Мирковци.
Сообраќајот од Скопје кон ГП Блаце, пак, кој беше целосно во прекин, од 17:20 е пуштен за патнички возила, но сè уште важи забраната за камиони.











