Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарите на истокот се гаснат со возила стари од 30 до 50 години – Кочани бара едно ново, иако му требаат минимум три

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Пожарите на истокот се гаснат со возила стари од 30 до 50 години. Таков беше и примерот со пожарот во дискотеката во Кочани, а во кој имаше 62 жртви. Вршителот на должност градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски вели дека еден од пожарникарите, наместо да го гаси пожарот, бил принуден да седи во возилото и да кочи. Тој денеска од Советот на градоначалници на Источно планскиот регион побара поддршка за обезбедување на ново противпожарно возило на ТППЕ Кочани.

Иницијативата за ново противпожарно возило за ТППЕ Кочани ќе се достави до Владата. Инаку оваа противпожарна единица ги гасне пожарите во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.

На кочанските пожарникари им недостасуваат минимум три нови противпожарни возила, а на терен излегуваат 16 пожарникари, наместо 32 колку треба да има и согласно бројот на жители.

Викторија Јованова